| четврток, 6 декември 2018 |

Вла­ди­мир Бла­жев: На­ши­те „ѕвез­ди“ са­ка­ат сè на тац­на и ду­ри сфа­тат – вре­ме­то им прош­ло

Ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка не се слу­ша мал­ку, ту­ку мал­ку се пра­ви, а мла­ди­те са­ка­ат да слу­ша­ат, по­себ­но ти­неј­џе­ри­те, сме­та Вла­ди­мир Бла­жев, нај­поз­нат ка­ко ди­џеј Шор­ти Пи ака Пан­чо. Спо­ред Бла­жев, ед­на­та по­ло­ви­на од ду­о­то „ДНК“, го­лем број од не­го­ви­те ко­ле­ги доц­на сфа­ќа­ат де­ка од не­бо ни­што не­ма да им пад­не. Ве­ли де­ка му е жал што си­те се пов­ле­че­ни и што по­сто­ја­но ку­ка­ат де­ка не­ма, твр­ди де­ка ако се­дат до­ма, ако не ра­бо­тат и ако не вло­жу­ва­ат во са­ми­те се­бе, ако не ос­тва­рат кон­такт со спон­зо­ри и ако не по­ба­ра­ат – ни­кој не­ма да им се по­ну­ди сам.

Од дру­га стра­на, пак, „ДНК“,го­ди­на­ва го прос­ла­ву­ва 15. ро­ден­ден. Пан­чо и Ан­дреј на­ско­ро ќе го про­мо­ви­ра­ат нив­ни­от че­твр­ти ал­бум, на чие усо­вр­шу­ва­ње се ра­бо­ти во сту­дио во Лон­дон. По ле­то ис­пол­не­то со на­ста­пи, гру­па­та ќе под­го­тви и го­лем есен­ски кон­церт во „Ме­тро­по­лис“.

IMG_6143

На­ско­ро нов ал­бум на „ДНК“, со два­на­е­сет пес­ни, од кои се­дум се со­се­ма но­ви. Ка­же­те ми не­што по­ве­ќе за но­ви­от про­ект.

Бла­жев: Па, здрав­је бо­же, про­мо­ци­ја­та е за­ка­жа­на за 9 мај. Се на­де­ва­ме де­ка ќе го ис­пол­ни­ме за­ка­жа­ни­от ден, са­мо да не се слу­чи не­што што е ви­ша си­ла, не­ли. Ќе има два­на­е­сет ну­ме­ри од кои се­дум се комп­лет­но но­ви, а оста­на­ти­те се ве­ќе чу­е­ни. Ме­ѓу нив ќе би­де и „Са­мо таа знае ка­ко“, ко­ја ги освои си­те ма­ке­дон­ски топ ли­сти за не­пол­ни три-че­ти­ри не­де­ли, а ве­ру­вам лу­ѓе­то ве­ќе ја пе­ат. Си­те пес­ни се сни­ме­ни во „ЛЦВ“ („LCV“), сту­ди­о­то на Ла­зар Цве­тко­ски во Те­то­во, кој во­ед­но е и трет член на „ДНК“. Аранж­ма­ни­те се ре­чи­си си­те не­го­ви, тек­сто­ви­те се си­те мои, а ме­ло­ди­ска­та ли­ни­ја е мо­ја и не­го­ва. Ова е еден по­се­бен ал­бум за ме­не би­деј­ќи има мно­гу емо­ции и ре­ал­ни тек­сто­ви во си­те ну­ме­ри. Ќе се ви­ка „Уште еден ден“, по пес­на­та што ја на­пи­шав за мо­ја­та мај­ка, ко­ја за жал, по­чи­на не­о­дам­на.

 На­по­ме­на­вте де­ка зву­кот на но­ви­от ал­бум се усо­вр­шу­ва­ше и се ра­бо­те­ше во сту­дио во Лон­дон, што га­ран­ти­ра не­гов ква­ли­тет, но и ви­со­ка це­на. Зо­што се ре­ши­вте на тој че­кор?

Бла­жев: Искре­но, са­кав­ме да по­ста­ви­ме но­ви стан­дар­ди на ма­ке­дон­ски­от звук и за­тоа во до­го­вор со Ла­зе, се од­лу­чив­ме да го ис­пра­ти­ме во Лон­дон во „Ме­тро­по­лис сту­дио“, кај од­лич­ни­от Стри­ки (Streaky), кој ра­бо­тел со ими­ња од свет­ска­та сце­на ка­ко што се Скеп­та, Пол Ве­лер, Пи Ди­ди, Ашер, Вај­ли, „Де­пеш мод“, Та­јо Круз, Ли­ли Ален, Чип­манк, Вил Јанг, „Хртс“, Ро­би Ви­ли­јамс и мно­гу дру­ги. Ед­но­став­но, са­кав­ме да го до­ло­ви­ме тој свет­ски звук и да им об­јас­ни­ме на лу­ѓе­то во Ма­ке­до­ни­ја де­ка мо­ра да сфа­тат де­ка не мо­же еден чо­век да пра­ви сè и де­ка мо­ра да се вло­жу­ва во сво­ја­та ра­бо­та, со тоа и по­дол­го­трај­но­ста ти е за­га­ран­ти­ра­на, а не со пр­ви­те па­ри од на­стап или од спон­зор да се сли­каш де­ка си во Со­лун и де­ка си ку­пил нов „ај­фон“.

Поз­на­ти сте по до­бри­те свир­ки и кон­цер­ти, би­ло тоа на­стап пред по­ма­ла пуб­ли­ка или го­лем кон­церт, ка­ко оној во „Ме­тро­по­лис“. Кол­ку е би­тен овој кон­такт со пуб­ли­ка­та за вас?

Бла­жев: Пуб­ли­ка­та е сè. Пуб­ли­ка­та знае да те на­гра­ди мно­гу уба­во ако си искрен, ка­ко што ние се­ко­гаш по­ста­пу­ва­ме, но и знае страш­но да те каз­ни ако си фо­ли­рант. Ин­те­рак­ци­ја­та со пуб­ли­ка­та е огро­мен фа­ктор за те­кот на ед­но шоу, би­ло да е пред 10.000 или пред 10 лу­ѓе.

Пла­ни­ра­те еден или по­ве­ќе кон­цер­ти и по про­мо­ци­ја­та на но­ви­от ал­бум?

Бла­жев: Лет­на­та тур­не­ја по­ле­ка се за­ка­жу­ва низ по­го­ле­ми­те гра­до­ви и клу­бо­ви, ве­ру­вам де­ка ќе има­ме на­пор­но ра­бот­но ле­то ис­пол­не­то со од­лич­ни свир­ки, а оној за­врш­ни­от го пла­ни­ра­ме за сре­ди­на­та на но­ем­ври во „Ме­тро­по­лис аре­на“, па бо­же мој, са­мо здрав­је и ќе се ви­ди­ме на са­ем.

 „ДНК“ по­сто­ја­но ра­бо­ти и на­ста­пу­ва, иа­ко со­стој­ба­та на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка сце­на е по­ле­тар­гич­на од ко­га би­ло, вие си го те­ра­те сво­е­то. Но, на пр­сти се бро­јат „ве­те­ра­ни­те“ ка­ко вас, што уште се тру­дат да на­пра­ват не­што. Ве нер­ви­ра оваа пос­па­ност кај ко­ле­ги­те?

Бла­жев: Ни нај­мал­ку. Се­кој од­го­ва­ра за сво­и­те по­стап­ки и се­кој си ги сно­си пос­ле­ди­ци­те од исти­те. Ме­не ми е жал што си­те се пов­ле­че­ни и по­сто­ја­но ку­ка­ат де­ка не­ма, но јас ве­лам де­ка ако се­дат до­ма, ако не ра­бо­тат и ако не вло­жу­ва­ат во са­ми­те се­бе, ако не ос­тва­рат кон­такт со спон­зо­ри и ако не по­ба­ра­ат, од не­бо не­ма да им пад­не. Ни­кој не­ма да им се по­ну­ди сам. Во слу­ча­јот со „ДНК“, јас не се сра­мам да ка­жам де­ка јас сум тој што бара спонзори, што договара настапи и што ги пишува песните. Кај е срамот тука? Можеби сум енергетски истрошен повеќе, но кога ќе легнам навечер сум мирен како бебе бидејќи сме направиле сѐ сами, чесно и со упорна и со напорна работа. Јас секогаш велам и тврдам дека работата еден ден ќе се исплати, а исто и трудот и вложувањето. Времето е најголем показател и бара истрајност за да се дојде до успех и до статус. Секогаш велам дека тој што се труди секогаш добива, а тој што се жали секогаш губи. Многу е едноставно, ама нашите „ѕвезди“ сакаат сѐ на тацна и дури сфатат, времето им прошло.

Младите таленти, пак, ги одбраа српските музички шоуа наместо фестивалите, како што беше тоа порано, за да се претстават пред публиката. Каков е вашиот став кон ова? Да бевте и вие сега на почеток на кариера, би се одлучиле на ваков чекор, талент шоу?

Блажев: Јас не знам дали воопшто има веќе фестивали кај нас кои се почитувани како што порано беше еден „Макфест“, „Скопски“, кои се чекаат и за кои се зборуваше еден месец пред и еден месец по нив. Откако почнаа местењата јавни со група луѓе што, за жал, сè уште функционираат во Македонија и не им е изречена никаква казна, „ветераните“ немаат мотив, а камоли некои млади ентузијасти. Патем и после тоа никој не зборува, а и гледаноста е смешна, луѓето повеќе ги исмејуваат по „Фејсбук“ и по „Твитер“, отколку што им се восхитуваат. Нема вложување, нема добри продукции, сите сакаат за малку пари да добијат многу, сакаат да скратат од буџетот одобрен за големо шоу и тоа доведува до сето ова, нашите какви-такви млади таленти да си одат во соседните земји на „Гранд“ или на „Пинк“, каде што знаат дека нашиот народ сто отсто ќе ги гледа, бидејќи турбофолк манијата владее во нашата ДНК кај 90 отсто од луѓето. Но, и со право, тие барем имаат продукција и сѐ е наместено како што треба, кај нас нема НИШТО, ниту едно ток-шоу каде можеш да се дотераш и да испееш со бенд во живо и да направиш саглам муабет.

Дали вие се откажавте од фестивалите?

Блажев: Не сме се откажале, ама не гледам ни причина да одиме. Која е поентата??

Сметате ли дека денеска многу малку се слуша македонска музика? Кај кого лежи вината?

Блажев: Не би рекол дека многу малку се слуша, малку се прави, а младите сакаат да слушаат, посебно тинејџерите. Јас гледам по нашите настапи дека ги пеат песните. Радијата полека сфатија дека мора малку повеќе да пуштаат македонска музика и среќа имаме „Фејсбук“, имаме „Јутјуб“, така што во ред е. А, делумно вината е на артистите, како што веќе кажав, сакаат да им падне од небо. Не сакаат да бидат трпеливи, се расправаат со продуцентите и лесно им пука филм од сѐ и се разочаруваат. И за крај, една стара народна: Без работа нема леб.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 187. број на неделникот „Република“, 01.04.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top