Во Шпанија е забележан прв случај на фетус со микроцефалија предизвикана од вирусот зика, потврдија научниците од шпанското Министерство за здравство.
Министерството потврди дека бремената жена од Каталонија патувала во јужна Америка пред неколку месеци и дека е заразена со вирусот зика.
Во соопштението се наведува дека фетусот има неколку карактеристични деформации.
Ова е прв случај на деформација на фетус кај бремена жена заразена со зика, наведуваат од шпанското Министерство.
Пред ова, Шпанија регистрираше 105 лица заразени од кои 13 се трудници, пишува во соопштението.
Зика вирусот, кој се пренесува со убод на заразен комарец, може да предизвика микроцефалија – тежок дефект кај новороденчињата, кои се раѓаат со абнормална мала глава и оштетен мозок.
Овој вирус е откриен во Бразил, каде што досега се откриени 1.200 случаи на микроцефалија кај новородени бебиња, предизвикана од овој вирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето