| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп и против традицијата во финалето во Базел

Менаџерот на Луверпул Јирген Клоп за кратко време ги освои симпатиите на навивачите на „црвените“ шурим светот.
За кратко време од екипа која беше како „мува без глава“ состави тим односно ги консолидира редовите и од разочарани фудбалери ги направи победници кои се гладни за успеси. Им врежа во главите дека не е до нивниот квалитет туку до психолошкиот пристап.

Ливерпул сигурно гази по патеките на успехот, а синоќешниот натпревар против Вилјареал тоа и го докажа. „Црвените“ се во финалето на Лига Европа и само чекор ги дели од огромен успех во сезоната која од самиот старт беше осудена на пропаст.

Сепак во Базел против Севилја која актуелен шампион во ова натпреварување тој ќе мора да се бори и против традицијата. Јирген Клоп победил само еднаш во финален натпревар во неговата тренерска кариера во пет меча.

Тоа е првото, во Купот на Германија во 2012 година кога со Борусија Дортмунд го совлада Баерн со 5-2.

Оттогаш, следуваа четири порази, влучувајќи го и првото финале со Ливерпул, во Лига купот на Англија. Од Баерн во 2013 година загуби со 1-2 во Лигата на шампионите, следната сезона од истиот противник беше поразен во Купот на Германија исто како и од Волфсбург лани. Најблиску до трофеј беше во февруари годинава кога се сретна со Манчестер Сити во финалето од Лига купот на Англија, но загуби на пенали.

Ако продолжи непријатната традиција на Клоп, Севилја ќе стигне до хет-трик во Лигата Европа и вкупно петти трофеј во ова натпреварување.

jirgen klop

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top