| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на филигранството во Скопје

Занаетчиската комора Скопје во соработка со „Скопје Сити Мол“ од утре, 6 мај до осми мај 2016 ќе се одржат „Денови на филигранство“ каде ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает кој претставува дел од македонската традиција. Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На „Деновите на филигранството“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полудраги и драги камења, оргонит.

Во склоп на тридневниот настан, „Деновите на филигранството“, заинтерeсираните посетители ќе имаат можност на лице место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top