| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2018 година ќе се отвори секс парк „Erotika Land“ (фото)

erotikaland-BRAZIL0516

Нешто многу жешко ќе се случи наскоро во Бразил, имено тоа е изградбата на парк за возрасни со целосно сексуална тематика.

 

Според информации на „New York Times“, претприемачите се во процес на избирање на соодветна локација за изградба на паркот, кој ќе го носи името „Erotika Land“.

Adventure-Island-Naked-Roller-Coaster-World-Record-Attempt

Тој ќе се наоѓа околу градот Сао Паоло и се очекува да биде завршен во 2018 година. Инвеститорите не се чуваат во тајност, но имаат потешкотии со реализацијата поради фактот дека не сите од локалната власт ја одобруваат идејата за изградба на еротски парк.

sex-park-700x357 (1)

Одговорниот за проектот, Мауро Морати, ја брани идејата за изградба на „Erotika Land“, набројувајќи ги предностите на идниот парк.

00046618

На прво место Мауро објаснува дека на тој начин ќе бидат отворени многу нови работни места за населението и од економска гледна точка тоа е добро за месното население. Исто така оваа атракција ќе биде многу привлечна за туристите од целиот свет и сигурно ќе има голема посетеност, а влезот ќе чини 100 долари.

Морати истакнува и дека „Erotika Land“ ќе помогне многу околу сексуалната писменост, со тоа што во паркот ќе биде изграден и музеј посветен на историјата на сексуалноста.

Се разбира, во „Erotika Land“ ќе има и еротски скулптури, храна која дејствува како афродизијак, како и „Секс игралиште“.

Мауро уверува дека половите односи ќе бидат строго забранети на територијата на паркот.

landscape-1462340402-gettyimages-149508746

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top