| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито останува дерби, Вардар се намачи во победата над Металург

Актуелниот ракометен шампион, екипата на Вардар, очекувано дојде до победа во дербито против Металург, но не така лесно како што љубителите на ракометот во нашата држава очекуваа (26-22).
Аплаузите од пубиката ги собраа избраниците на Лино Червар кои покажаа дека можат да се носат со поквалитетниот противик иако немаат големо искуство.

vardar

Вардарци ја оправдаа фаворитската улога за титулата и оваа сезона и рутински стигнаа до победата иако не го покажаа вистинскиот квалитет кој го поседуваат. За разлика од порано кога дербито меѓу двата скопски ривали беше магнет за публиката, првата годинешна пресметка на двата главнји ривали на макеоднската ракометна сцена мина во мирна атмосфера пред само неколку стотина гледачи на трибините во „Јане Сандански“.

Неочекувано индиспонирана игра на на Вардар и силна мотивација на спротивната страна во младиот состав на Металург донесе изедначено прво полувреме. Вардар го имаше почетното водство, но Металург достојно држеше чекор и во поголемиот дел од првото полувреме избраниците на Лино Червар имаа позитива. Даниел Дупјачанец му одбрани седмерец, а веднаш потоа и контра на Тимур Дибиров што внесе дополнителна сигурност во играта на „металурзи“. Избраниците на Лино Червар врзаа три гола во серија и со третиот погодок на Филип Талески први дојдоа на два гола предност поведувајќи со 6-8 ви 19.минута од натпреварот. Но, „црвено-црните“ брзо возвратија со иста серија. Погоди Алекс Душебаев, а потоа и Дејан Манасков два пати беше орецизен од седум метри и одново го врати Вардар во водство со 9-8. Во финишот на полувремето, Вардар успеа да ја задржи предноста и на одмор замина со водство од 14-11.

talevski

Водството на вардарци не го скрши отпорот на Металург кој мотивирано стартуваше и во вториот дел и брзо успеа да ја стопи предноста на домаќинот. „Црвено-црните“ ја одржуваа позитивата, но делуваа уморно на теренот, наспроти еланот со кој во ова дерби влегоа младите ракометари на Металург и го прославуваа секој постигнат гол, а малубројната публика во „Јане Сандански“ го поздравуваше тоа со аплауз. Во последната четвртина од натпреварот, Вардар влезе со само еден гол предност 19-18. Изненадувачи, препрека за Вардар да дојде до поголема разлика беше младиот Мартин Томовски кој во вториот дел го замени Даниел Дупјачанец на голот на Металург. Томовски му одбрани седмерец на Манасков, а потоа и вториот шут од одбиената топка и ја задржа неизвесноста во дербито.

makeda

Дејан Манасков со по шест и Хорхе Македа со пет гола беа најефикасни во составот на Вардар. Кај Металург листата на стрелци ја предводеше Филип Талески со осум погодоци, а пет гола постигна Марко Бувиниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top