Легендарната британска актерка Хелен Мирен се најде на списокот на гостите на гала-вечерата што ја организирал претседателот на Америка, Барак Обама.
Во таа пригода, Хелен решила своето присуство да го направи уште поинтересно.
Хелен на црвениот килим пристигнала со сопругот Тејлор Хакфрод, а нејзиниот фустан со длабоко деколте открил една интересна тетоважа.
Тетоважата што се најде под клучната коска на славната актерка претставува симбол што покојниот уметник Принс почнал да го користи како израз на бунт против неговата издавачка куќа „Варенр брос“.
-Им се восхитувам на големите уметници, а тој беше таков. Посакував и тој да имаше тетоважа на истото место. Јас утрово сама ја нацртав во мојата бања – кажала актерката.
Актерката на овој интересен начин сакала да му оддаде почит на неодамна починатиот уметник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хелен Мирен: Мрачната словенска душа на Меланија Трамп ќе излезе на виделина
-
Бил член на Јеховините сведоци – Принс не и дозволил на сопругата киретажа, иако имала спонтан абортус!
-
Трагедија од која пејачот никогаш не заздрави: Кога го виде нашиот син, насмевката му се претвори во ужас!
-
Кој сакал да го убие Принс – Фентанил пронајден во шишенца за Витамин Ц