| четврток, 6 декември 2018 |

Бил член на Јеховините сведоци – Принс не и дозволил на сопругата киретажа, иако имала спонтан абортус!

prins

Јавноста се уште ја потресуваат информациите од животот на планетарно познатиот Принс, кои во книгата за нејзиниот живот ги опишува неговата поранешна сопруга Мајте Гарсија.

Така таа до детали опишала како нивниот брак се распаднал откако 1996 година нивниот штотуку роден син, починал. Сепак тоа било само почеток на маките кои ја чекале младата Мајте. Имено таа после само една година од трагедијата имала спонтан абротус и така го изгубила и второто дете.

Мајте вели дека била очајна кога докторот и ги соопштил вестите, но и дека на некој начин и олеснило што тоа дете, за разлика од првиот син Амир, нема да мора да трпи ужасни болки пред смртта.

Како што пишува во книгата, нејзиниот сопруг се дистанцирал од неа и ги игнорирал нејзините повици за помош како би ја пребродиле трагедијата. Решила да оди кај мајка и, но после една недела се вратила кај Принс исплашена бидејќи се уште крварела. Се обратила на лекар кој и соопштил дека итно мора да направи киретажа, но таа се соочила со нешто што не очекувала.

prins2

Наместо поддршка на која се надевала од својот сопруг, тој и рекол дека не треба да оди на операција, без оглед што тоа и го загрозувало животот. Принс тогаш бил припадник на Јеховини сведоци, па оваа забрана била на основа на верските убедувања.

-Природата тоа ќе го среди, ако и доволиш. Или ќе имаме вера или не – рекол Принс.

-Нема да ја ризикувам својата плодност поради нешто во што не верувам. Ќе го направам она што лекарите ми го кажуваат – одговорила мајте.

За среќа отишла во болница и интервенцијата успешно е завршена, но Принс не бил со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top