Лестер Сити следната сезона ќе ја брани титулата во Премиер лигата, а ќе настапува и во Лигата на Шампиони, па логично е дека ќе мора да се доведат засилувања.
Популарните „лисици“ уживаат во историскиот успех, откако го направија најголемото изненадување во модерниот фудбал, станаа шампиони во Премиер лигата, покрај финансиски многу посилните конкуренти.
Во следната сезона тренерот Клаудио Раниери мора да има на располагање повеќе играчи од сега, бидејќи неговиот тим ќе учествува, за прв пат, во најелитното натпреварување во Европа.
По тој повод, Раниери се изјасни кој играч сака да го види во својот тим следната сезона, по што челниците на Лестер веднаш реагираа и ги направија првите чекори. Станува збор за најдобриот украински фудбалер, Андреј Јармоленко.
Буџетот на Лестер значително се зголеми по огромниот успех на клубот, што ќе му овозможи квалитетни засилувања, а Раниери сака да биде активен на пазарот уште пред почетокот на Европското првенство во Франција.
Наводно раководствата на Лестер и Динамо Киев веќе оствариле средба за да ја договорат цената на потенцијалниот трансфер на 26-годишниот крилен напаѓач.
Првите претпоставки се дека Јармоленко ќе биде достапен за 25 до 30 милиони евра, бидејќи има договор со украинскиот шампион до 2020 година.
Заинтересираност за овој играч има и од Ливерпул, но од Лестер не сакаат да ризикуваат и се надеваат на договор со Украинецот до крајот на овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Лестер го барал Клаудио Раниери да се врати
-
Лестер во проблем заради Адриен Силва: Го платија 22 милиони фунти, а не можат да го регистрираат