Утрово околу 4 часот на локалниот пат село Кадино-Миладиновци-Скопје, случена е сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „Тојота Корола“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од Д.С. (27) изгубил контрола над истото и излетал од коловозот по што се превртел во нива.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.М. (22), а со телесни повреди се здобила другата сопатничка од возилото Н.Н. (31) и двете од Скопје.
Тие биле префрлени во ГОБ „Наум Охридски“ каде Г.М. била задржана за понатамошно лекување, а Н.Н. по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување. На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!