Обезбедени се нови 3.000 книги на 10-та традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“, што се одржа во Домот на култура „Илинден“. Книгите се наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта од Илинден.
На оваа манифестација, која ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, годинава учествуваа голем број граѓани, преставници од бизнис секторот, издавачки куќи, научни институции, факултети и ученици, кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден.
Симболично, како што информира општина Илинден, беа украсени 2016 црвени велигденски јајца и секој посетител што подари книга, за возврат доби црвено велигденско јајце.
На манифестацијата учествуваа повеќе македонски писатели, кои ја посетија и Општинската библиотека Илинден, во која поголемиот дел од книгите се обезбедени со оваа манифестација.
Во изминатите 10 години преку манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“ подарени се вкупно 30.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски