Мајката е најважната жена во животот на синот. Таа е неговиот учител и личност од која ќе бара совети цел свој живот.
Од таа причина американската новинарка Табита Студер, која е мајка на два сина собирала совети од други мајки кои имале синови се со цел да им помогне на сите новопечени мајки…
1. Сакајте го, многу…сакајте го, гушкајте го и бакнувајте го колку што можете повеќе.
Бакнежите и допирите се важни за развојот на детето, а тоа најмногу ќе дојде до израз кога вашето бебе ќе стане маж кој не се плаши да ги покаже чувствата.
2. Научете го да помага по дома…ако ве набљудува додека ги извршувате домашните обврски дозволете му да учествува во нив. Објаснете му што прави и обидете се симболично дел да префрлите на него.
Кога ќе потпорасне тоа веќе нема да му биде забавно, но бидете истрајна за да му прејде во навика. Кога ќе порасне ќе ви биде благодарен.
3. Дозволете му да се извалка и да ја скине облеката…момчињата се разиграни и често бесни што доведува до мали незгоди како искинати панталони и слично.
Со нервирање и карање нема ништо да постигнете.
4. Покажете му примери на добри мажи…од самото раѓање ќе биде опкружен со мускулести ликови под маски од цртаните филмови.
Погрижете се да му ги доближите ликовите кои “растураат“ но не со физичката сила туку со својата глава.
5. Покажете му примери на добри жени…сликите на прекрасните девојки од магазините и каталозите се нешто со што децата растат.
Но освен тој поглед на припадничките на спротивниот пол погрижете се дознае и за жените кои на листата на славни се нашле поради својот талент, знаење, упорност и ставови.
6. Научете го на убаво однесување…децата впиваат информации како сунѓер. Затоа научете го јаде културно, покажете му што значи да биде пристоен со постарите, со послабите и со девојчињата.
7.Дозволете му да го почувствува поразот…поразот е дел од животот и колку порано тоа вашиот син го сфати толку помалку подоцна ќе биде разочаран. Ако се занимава со спорт следете ги неговите натпревари, успеси и неуспеси.
8. Дружете се со него и надвор од домот…покажете му дека сте супер мајка која го разбира во секој поглед па така и во “машките“ активности.
Кога ќе почне да излегува дознајте кои се неговите пријатели или пак запознајте се со неговата симпатија…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Мајка уапсена откако го истетовира 10-годишниот син (ВИДЕО)
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!