| четврток, 6 декември 2018 |

Снег ја завеа Словенија, ладното време никако да не напушти!

slovenija

Обилните снежни вренежи вчер вечер во Словенија оставија десетина илјади потрошувачи без струја, најмногу на подрачјето на Љубљана и Дравоград. Се бележат проблеми во сообраќајот и има повеќе несреќни, а голема е опасноста од снежни одрони.

Метеоролозите за дененска и утре најавуваат смирување на времето, и ниски температури, иако снегот во некои делови на земјата се уште паѓа.

Поголемиот дел од земјата е под снежен прекривач од 25 сантиметри, а во повисоките предели и околу 40. Поради тежината на снегот, преку ноќта се кршеле гранки од дрвјата, предизвикувајќи застој во прометот на повеќе локални патишта, како и прекин на електричните водови. На подрачјето на Љубљана изутринава 4.000 потрошувачи останале без струја, но дежурните служби работат на отстранување на дефектот. Исто толку домаќинства се погодени со недостиг на електрична енергија на северот на државата околу Дравоград, како и на подрачјето на Марибор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top