Валентино Роси е еден од легендите во мото-спортот. Тој е идол на многу учесници во овој спорт, а тоа не го крие ниту актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Зад своето име има 16 активни години во кралската класа на мотоциклизмот, а за пензија Валентино Роси и воопшто не размислува. Со 37 години, на минатото ГранПри во Херез Роси уште еднаш докажа дека може да се бори со младите возачи иако е на залезот на кариерата, а Луис Хамилтон ја посакува формата на „Докторот“.
– Валентино е еден од постарите, ако не и најстариот возач во МотоГП, но сè уште има сила да се бори со најбрзите. Се надевам дека и јас ќе бидам во таква форма кон крајот на мојата кариера. Тешко е да се донесе одлука кога да ставиш крај на кариерата. Ја немаат сите возачи таа среќа кога се пензионираат да се едни од најдобрите. Знам дека имам две опции или ќе исчезнам тотално по крајот на кариерата или по кратка пауза повторно ќе се вратам на патеките. Тркањето е како еден вид на зависност. Како кај коцкарите – не знаеш кога е време да се повчелеш – искрен е Хамилтон за желбите по евентуалниот крај на кариерата.
Возачот на Мерцедес веќе деветта година е дел од најбрзиот циркуз во светот, а во тековната езона освои само еден подиум (второ место во Австралија), а во генералниот палсман е на второто место зад тимскиот колега Розберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.