Луис Хамилтон испиша нова историја во Формула 1, надминувајќи го рекордот на легендарниот Михаел Шумахер, стасувајќи до 69. пол-позицијата во кариерата.
Британецот од редовите на Мерцедес успешно ги заврши квалификациите во Монца и покрај тоа што организаторите мораа во два наврати да ги одложуваат сесиите, кои на крајот траеја цели четири часа. Хамилтон најдобро се снајде за негова 69-та пол-позиција, а со тоа го надмина и досегашниот рекорд на германскиот великан, Михаел Шумахер.
Веднаш зад него се нареди двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, но бидејќи и двајцата ќе стартуваат со казни на стартот поради менување на мотор, од втората позиција неверојатно ќе стартува тинејџерот на Вилијамс, Ленс Строл.
Петти беше Окон од Форс Индија, пред Ботас од Мерцедес. Возачите на Ферари Раиконен и Фетел завршија на седмата и осмата позиција, додека Топ 10 го комплетираат Маса од Вилијамс и Фандорне од Мекларен.
Трката за ГН награда на Италија, 13-та во шампионатот на Ф1, се вози в недела од 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него
-
Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов
-
По четири години пријател на Шумахер ја откри вистината за здравствената состојба