| четврток, 6 декември 2018 |

Минута пред бруталното убиство: Мајката на убиената пејачка открила што ѝ кажала Јелена

Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, кажала дека со својата ќерка се слушнала минута пред злосторот и дека не може да си прости што не ја прашала со кого е.

jelena-majka-640x377

-Мојата Јеца на 1 април ме изнесе од болница, седевме и пиевме кафе. Следниот ден требаше повторно да се видиме, но таа исчезна и никогаш повеќе нема да си го видам детето – кажала Зорица.

Зорица е под голем стрес и тешко се носи со трагедијата што ја снајде.

jeca

-Тој ден кога Јелена исчезна, се слушнав со неа околу 16 часот. Ми кажа:„Мамо, само да завршам со трчањето уште еден круг и доаѓам кај тебе“. Меѓутоа, не ми кажа каде трча и дали трча на насипот. Секој ден се проколнувам што не ја прашав со кој е. Можеби сега ќе бев помирна, можеби тој што ѝ  го стори ова злосторство ќе беше во затвор. Знам дека Јеца беше задишана, но не ми текна да ја прашам каде се наоѓа, раскажала Зорица скршена од болка, која е на тешки лекарства за смирување.

15530-2

Иако ѝ ветила, нејзината Јелена не се појавила во куќата, а повеќе не ѝ се јавувала ниту на телефон.

-Луѓе мои ја барав, постојано ѝ  ѕвонев, но некој постојано ми го одбиваше повикот. Ништо не навестуваше ваква трагедија, но тоа беше крајот – се потсетила Зорица.

Пејачката Нада Топчагиќ, која е семеен пријател со семејствата Крсмановиќ и Марјановиќ, вели дека Зорица ја имала само Јелена.

img_1800

-Јелена се грижеше за Зорица, ѝ  носеше готвена храна и чистеше по дома. Жената е болна. Секој ден оди да ја види внуката Јана, а често седи со часови на гробот на Јелена – кажала Нада додавајќи дека малата Јана е под голем стрес и дека не се дели од татко ѝ.

kuca-jelene-krsmanovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top