Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, кажала дека со својата ќерка се слушнала минута пред злосторот и дека не може да си прости што не ја прашала со кого е.
-Мојата Јеца на 1 април ме изнесе од болница, седевме и пиевме кафе. Следниот ден требаше повторно да се видиме, но таа исчезна и никогаш повеќе нема да си го видам детето – кажала Зорица.
Зорица е под голем стрес и тешко се носи со трагедијата што ја снајде.
-Тој ден кога Јелена исчезна, се слушнав со неа околу 16 часот. Ми кажа:„Мамо, само да завршам со трчањето уште еден круг и доаѓам кај тебе“. Меѓутоа, не ми кажа каде трча и дали трча на насипот. Секој ден се проколнувам што не ја прашав со кој е. Можеби сега ќе бев помирна, можеби тој што ѝ го стори ова злосторство ќе беше во затвор. Знам дека Јеца беше задишана, но не ми текна да ја прашам каде се наоѓа, раскажала Зорица скршена од болка, која е на тешки лекарства за смирување.
Иако ѝ ветила, нејзината Јелена не се појавила во куќата, а повеќе не ѝ се јавувала ниту на телефон.
-Луѓе мои ја барав, постојано ѝ ѕвонев, но некој постојано ми го одбиваше повикот. Ништо не навестуваше ваква трагедија, но тоа беше крајот – се потсетила Зорица.
Пејачката Нада Топчагиќ, која е семеен пријател со семејствата Крсмановиќ и Марјановиќ, вели дека Зорица ја имала само Јелена.
-Јелена се грижеше за Зорица, ѝ носеше готвена храна и чистеше по дома. Жената е болна. Секој ден оди да ја види внуката Јана, а често седи со часови на гробот на Јелена – кажала Нада додавајќи дека малата Јана е под голем стрес и дека не се дели од татко ѝ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.