Компанијата „Најк“ постои 52 години.
Прочитајте неколку интересни факти за „Најк“, кои можеби не ги знаете:
Основана е во 1964 година, под името „Blue Ribbon Sports“. Првично компанијата е дистрибутер на јапонската „Onitsuka Tiger“ (денешен „Asics“).
Компанијата се преименува во „Најк“ во 1971 година.
Основана е со капитал од само 1 200 долари.
Нејзин творец е Бил Баурман кој е тренер по атлетика и Фил Најт тркач на средни растојанија од Портланд. Првично Најт сакал компанијата да се вика „Dimension 6.“
Потоа, сепак, одлучиле да ја крстат по грчката божица Нике. На англиски името се изговара „Најк“. Идејата за името на компанијата доаѓа од нејзиниот прв вработен, Џеф Џонсам.
Првиот ѓон за „Најк“ се прави на апарат за вафли. Идејата е ѓонот да има подобар стисок со подот на патеката.
Во 1974 година патентирана е марката „Најк“.
Заштитниот знак на компанијата „Најк“ е измислен од студентката Каролин Дејвидсон, која за дизајнот добива хонорар од само 35 долари. Денес тоа е едно од најпрепознатливите логоа во светот. Но во подоцнежна фаза таа добива акции во вредност од 640 000 долари.
Слоганот „Just Do It“ е инспириран од серискиот убиец Гери Гилмор, кој пред да биде застрелан во 1977 година на својот џелат му рекол „let’s do it“. Ова е разјаснето дури во 2009 година.
Првата кампања „Just Do It“ започнува во 1988 година. Во неа учествува Волт Сток, легендарниот тркач, кој тогаш има 80 години и трча по Голден Гејт Бриџ.
Иако не играл кошарка од 2003 година, Мајкл Џордан сеуште заработува 60 милиони долари годишно од договорот за спонзорство со „Најк“.
Првиот спортист, спонзориран од страна на компанијата „Најк“ е тенисерот од Романија, Илие Настатсе. Тоа се случува во 1972 година.
Најголемата продавница на компанијата „Најк“ не е во САД, туку во Лондон, на улицата Оксфорд. Неговата изградба чинела 10,5 милиони фунти. Продавницата е на три ката, а дизајнот имитира градски плоштад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Луѓето масовно ги палат своите „најк“ патики, што мислите за причината?
-
Дваесет интересни факти кои не сте ги знаеле за човечкото тело…
-
Серхио Рамос ја откри причината која го прави Зидан најдобар тренер во историјата на Реал
-
Откриени новите дресови на Барселона за следната сезона, на градите ќе се рекламира „Ракутен“