| четврток, 6 декември 2018 |

Што не смеете да му кажете некому кој е на диета?

Сакате некому да му дадете совет додека е на диета, ама често тоа на крај не излегува добро. Тоа го покажало едно истражувањето во Грција.

Истражувачите испитале 289 лица кои успешно ослабнале и ја задржале саканата тежина повеќе од една година како и 122 лица кои загубиле вишок килограми, но набрзо ги вратиле назад.

Луѓето кои по диетата ги вратиле килограмите, пријавиле дека од семејството и пријателите добивале многу поддршка. Ова ги заинтересирало научниците и решиле да направат истражување за да ја откријат причината за овој необичен феномен.

Истажувањето покажало дека оние кои ги вратиле килограмите назад често примале коментари и „поддршка“ во вид на закачка за тоа што треба, а што не треба да јадат. Често ги потсетувале која храна е здрава, што треба да јадат и колку треба да вежбаат.

Од друга страна лицата кои успешно ослабнале и ја задржале саканата тежина, навеле дека немаат чести „предавања“ за тоа што треба да јадат и како да вежбаат. Напротив, тие вежбале заедно со своите семејтва, иделе на трчање, заедно јаделе здрава храна…

Семејството и пријателите даваат поголема поддршка со комплименти и активно учество во процесот на одржување на телесната тежина отколку критиките и инстуркциите. Добронамерна забелешка често може да биде протолкувана како критика и непотребно потсетување за лицето кое се бори само со себе на свој начин, се наведува во студијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top