Во клуб ресторанот МКЦ, вечерва, 27 април, во 21 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски…
Ова е негова единаесетта збирка поезија. Книгата ќе ја промовира Душко Крстевски, а стихови ќе читаат познати автори од домашната сцена: Илина Јакимовска, Николина Андова-Шопова, Владимир Јанковски и Петар Андоновски.
Цртежот на корицата е на Мирослав Масин.
Делото е во идание на издавачката куќа Табернакул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.