| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Тијана Којиќ во „Остен“

Од 27 април до 7 мај во галерија Остен ќе може да се види извонредната изложба на младата српска уметница од Белград, Тијана Којиќ со наслов „(Не)осветлени соби“…

За оваа прилика се подготвени околу 40 дела изведени со интересна синтеза на различни техничко-технолошки можности.

Авторката комбинирала графички, цртачки и сликарски постапки на алуминиумски плочи со различни формати.

Отворањето на изложбата ќе биде во среда, 27 април, во 12 часот во галерија Остен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top