Снег падна во делови на Хрватска и Босна и Херцеговина. Снег има во Лика, Брач, Херцеговина, Томиславград. Поради снегот прекинат е сообраќајот на патот Посушје-Томиславград, каде во местото Студена Врила се попречени камиони.
Се остварија прогнозите на метеоролозите за снежно невреме. Во Хрватска возачите се предупредени да внимаваат на влажните коловози, а поради магла видливоста е намалена.
Во БИХ на височина над 800 метри се очекува снег и суволедица, а на пониските места ќе наврнат меѓу 15 и 40 литри дожд на квадрат. Утринските температури се околу нулата, а дневните ќе се движат до 16 степени. Студеното време ќе се задржи до крајот на неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.