| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Спироски: Дебелината му го зема приматот на тутунот во незаразните болести

Ни­во­а­та на пу­ше­ње­то ци­га­ри и кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол на свет­ско ни­во, па и кај нас, се во по­сто­ја­но опа­ѓа­ње. Се­га е ред да се со­о­чи­ме со овој ри­зик, а тоа е зго­ле­ме­на­та те­лес­на те­жи­на и де­бе­ли­на­та, ко­ја во на­ши­от дел од све­тот, а и во си­те раз­ви­е­ни зем­ји е број еден ри­зи­чен фа­ктор за по­ја­ва на не­за­раз­ни бо­ле­сти, ве­ли д-р Спи­ро­ски

Ди­ја­бе­те­сот за­зе­ма епи­де­ми­ски раз­ме­ри во цел свет, по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) и ток­му по­ра­ди тоа оваа го­ди­на мо­то­то на Де­нот на здрав­је­то е „По­бе­ди го ди­ја­бе­те­сот“. Прем­но­гу е хра­бро да се ка­же де­ка мо­же да се по­бе­ди, ме­ѓу­тоа мно­гу е важ­но да се кон­тро­ли­ра ако ве­ќе го има, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Игор Спи­ро­ски, спе­ци­ја­лист по хи­ги­е­на и здрав­стве­на еко­ло­ги­ја од Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је. Тој е на­ци­о­на­лен со­ра­бот­ник на Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство со СЗО во ка­те­го­ри­ја­та за не­за­раз­ни бо­ле­сти.

 

Igor spirovski (4) (Custom)

 

Зо­што Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја ре­ши оваа го­ди­на мо­то­то на Де­нот на здрав­је­то да би­де „По­бе­ди го ди­ја­бе­те­сот“? Да­ли оваа бо­лест за­зе­ма епи­де­ми­ски раз­ме­ри?

СПИ­РО­СКИ: Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) се­ко­ја го­ди­на на Де­нот на здрав­је­то про­мо­ви­ра еден здрав­ствен проб­лем. Тие проб­ле­ми мо­же да би­дат во­о­би­ча­е­ни, за кои се знае, или ва­кви­те, ка­ко што е ди­ја­бе­те­сот, ка­де што си­ту­а­ци­ја­та во од­нос на не­го­ва­та пре­ва­лен­ца и на ин­ци­ден­ца­та на но­во­за­бо­ле­ни слу­чаи на гло­бал­но ни­во, па и во нај­го­лем број на зем­ји­те од за­пад­ни­от свет, до­би­ва епи­де­ми­ски раз­ме­ри. Број­ки­те рас­тат и не за­пи­ра­ат, та­ка што овој ден, ва­ка стру­кту­ри­ран ка­ко што го прет­ста­ви СЗО, бе­ше во на­со­ка да се по­диг­не све­ста за ди­ја­бе­те­сот, ка­ко кај лу­ѓе­то што го има­ат и што, нај­ве­ро­јат­но, се нај­свес­ни за тој проб­лем, та­ка и кај оние што го не­ма­ат, ме­ѓу­тоа пра­кти­ку­ва­ат жи­вот­ни сти­ло­ви што про­мо­ви­ра­ат ра­на по­ја­ва на ди­ја­бе­тес.

 

Да­ли Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је рас­по­ла­га со ин­фор­ма­ции за бро­јот на за­бо­ле­ни од ди­ја­бе­тес во Ма­ке­до­ни­ја?

СПИ­РО­СКИ: Око­лу 120 ил­ја­ди лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја се со ди­јаг­но­сти­ци­ра­на со­стој­ба на ди­ја­бе­тес. Тоа не зна­чи де­ка си­те се ле­ку­ва­ат, но зна­чи де­ка си­те тие во не­ка­ква фор­ма го има­ат ди­ја­бе­те­сот и има­ат ин­тер­вент­ни мер­ки, пре­пи­ша­ни од нив­ни­те ле­ка­ри со кои вли­ја­ат на кон­тро­ли­ра­ње на бо­ле­ста.

Igor spirovski (2) (Custom)

Око­лу 120 ил­ја­ди лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја се со ди­јаг­но­сти­ци­ра­на со­стој­ба на ди­ја­бе­тес

 

Кои се ри­зи­ци­те од ди­ја­бе­тес кај де­ца­та?

СПИ­РО­СКИ: Тренд во све­тот, но и во на­ша­та др­жа­ва е по­ја­ва на ди­ја­бе­тес од тип 2 кај де­ца. По­ра­но, ди­ја­бе­тес од тип 2 се по­ја­ву­ва­ше кај лу­ѓе над 40 го­ди­ни. Се­га, овој тип ди­ја­бе­тес се по­ја­ву­ва ду­ри и кај де­ца од 8 и од 9 го­ди­ни. Има­ме та­кви по­ја­ви. Тоа зна­чи де­ка гра­ни­ца­та на по­ја­ва на ди­ја­бе­тес кој по­ра­но се по­ја­ву­вал во дру­го вре­ме, во дру­га во­зраст, се­га е по­ме­сте­на мно­гу по­ра­но. Тоа е алар­мант­на си­ту­а­ци­ја, а ри­зи­ци­те и кај де­ца­та и кај во­зрас­ни­те се слич­ни. Зна­чи, жи­вот­ни­те сти­ло­ви кај во­зрас­ни­те се до­ми­нант­ни, а кај де­ца­та се сти­ло­ви­те што во­зрас­ни­те ќе им ги на­мет­нат ка­ко жи­во­тен стил. Де­ца­та во тој пер­и­од од жи­во­тот не мо­жат са­ми да од­бе­рат ка­ко ќе жи­ве­ат. Тие нај­че­сто го ја­дат она што го ја­дат во­зрас­ни­те, го ку­пу­ва­ат она што го ку­пу­ва­ат во­зрас­ни­те и нив­ни­те врс­ни­ци, та­ка се од­не­су­ва­ат и та­ка ги но­сат ри­зи­ци­те. Зна­чи, не­пра­вил­на­та ис­хра­на и не­ма­ње­то фи­зич­ка актив­ност се до­ми­нант­ни ри­зич­ни фа­кто­ри за по­ја­ва на ди­ја­бе­тес тип 2.

 

Ко­ја е нај­ма­ла­та во­зраст на де­ца во Ма­ке­до­ни­ја кај кои е ре­ги­стри­ран ди­ја­бе­тес тип 2?

СПИ­РО­СКИ: Од раз­го­вор со ко­ле­ги­те од пе­ди­ја­три­ја, најм­ла­ди­от па­ци­ент кај кој е ре­ги­стри­ран ди­ја­бе­тес тип 2 има око­лу де­сет го­ди­ни.

 

Ка­кви се пре­по­ра­ки­те од СЗО? Што мо­же ние да сто­ри­ме и ка­ко др­жа­ва и ка­ко един­ки?

СПИ­РО­СКИ: Во де­лот на пре­вен­ци­ја­та, глав­ни­те пре­по­ра­ки се кон глав­ни­те ри­зи­ци. Зна­чи, кон­тро­ла на ис­хра­на­та. Има мно­гу мер­ки што мо­же да ги пре­зе­ме др­жа­ва­та, но има и мер­ки што мо­же да ги пре­зе­мат са­ми­те ин­ди­ви­дуи. Пре­го­ле­мо­то вне­су­ва­ње хра­на со до­да­де­ни ше­ќе­ри е еден од глав­ни­те ри­зи­ци. Нив ги има ре­чи­си во си­те пре­ра­бо­те­ни про­из­во­ди. Мо­ра да вни­ма­ва­ме што ја­де­ме. Др­жа­ва­та мо­же да ин­тер­ве­ни­ра со мер­ки во об­ла­ста на снаб­ду­ва­ње­то. На ин­ди­ви­ду­ал­но ни­во, на лу­ѓе­то оста­ну­ва из­бо­рот на тоа што ќе пра­ват. Тоа мо­же да го на­пра­ват со ин­фор­ми­ра­ње од ре­ле­вант­ни из­во­ри, ка­ко на при­мер од СЗО, кои да­ва­ат пре­по­ра­ки за оп­шта­та по­пу­ла­ци­ја и тие да ги спро­ве­ду­ва­ат во де­ло. До­пол­ни­тел­но, фи­зич­ка­та актив­ност е клуч­ни­от фа­ктор. Мно­гу е важ­но лу­ѓе­то што има­ат ди­ја­бе­тес да пра­кти­ци­ра­ат фи­зич­ка актив­ност за да мо­жат мно­гу по­лес­но го др­жат под кон­тро­ла ни­во­то на ше­ќе­рот во кр­вта. За жал, на­ша­та сту­ди­ја што ја на­пра­вив­ме ми­на­та­та го­ди­на во Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је по­ка­жу­ва де­ка сла­бо се пра­кти­ку­ва фи­зич­ка актив­ност. Тоа осо­бе­но се за­бе­ле­жу­ва на оние ни­воа што се над 150 ми­ну­ти уме­ре­на фи­зич­ка актив­ност не­дел­но. Сту­ди­ја­та по­ка­жа де­ка са­мо око­лу 10 про­цен­ти од по­пу­ла­ци­ја­та на на­ци­о­нал­но ни­во не­дел­но пра­кти­ку­ва по 150 ми­ну­ти уме­ре­на фи­зич­ка актив­ност.

 

Igor spirovski (3) (Custom)

но­гу е важ­но лу­ѓе­то што има­ат ди­ја­бе­тес да пра­кти­ци­ра­ат фи­зич­ка актив­ност за да мо­жат мно­гу по­лес­но го др­жат под кон­тро­ла ни­во­то на ше­ќе­рот во кр­вта

 

Мо­же ли да се по­бе­ди ди­ја­бе­те­сот?

СПИ­РО­СКИ: Прем­но­гу е хра­бро да се ка­же де­ка мо­же да се по­бе­ди, ме­ѓу­тоа мно­гу е важ­но да се кон­тро­ли­ра ако ве­ќе го има. За по­пу­ла­ци­ја­та што не­ма ди­ја­бе­тес е ап­со­лут­но де­ка ди­ја­бе­те­сот е по­бед­лив со тоа што ќе пра­кти­ку­ва жи­вот­ни сти­ло­ви што не­ма да му доз­во­лат на ди­ја­бе­те­сот да се по­ја­ви во нив­ни­от жи­вот. Што се од­не­су­ва до оние што има­ат ди­ја­бе­тес, за нив е мно­гу важ­но да се при­др­жу­ва­ат кон со­ве­ти­те на нив­ни­те ле­ка­ри. Ние има­ме из­во­нред­ни струч­ни ли­ца кои ја ра­бо­тат проб­ле­ма­ти­ка­та со ди­ја­бе­те­сот, ка­ко на пе­ди­ја­три­ска во­зраст, та­ка и за во­зрас­ни па­ци­ен­ти. Клуч­но е па­ци­ен­ти­те да се при­др­жу­ва­ат кон пре­по­ра­ки­те, кон жи­вот­ни­от стил што им е пре­по­ра­чан, да би­дат фи­зич­ки актив­ни, да пра­кти­ку­ва­ат ис­хра­на ко­ја ќе им ја пре­по­ра­ча нив­ни­от ле­кар. До­пол­ни­тел­но, ако пи­јат ле­ко­ви или, пак, ако при­ма­ат ин­су­лин, ап­со­лут­но тре­ба да вни­ма­ва­ат и да се при­др­жу­ва­ат на пре­по­ра­ки­те и на вре­ме­то ко­га тре­ба да ја зе­ма­ат те­ра­пи­ја­та. Проб­лем е што има па­ци­ен­ти кои не се при­др­жу­ва­ат кон пре­по­ра­ки­те до­би­е­ни од нив­ни­те ле­ка­ри за при­ма­ње на те­ра­пи­ја­та.

 

Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка Ма­ке­дон­ци­те не се де­бе­ла на­ци­ја, но се нат­хра­не­ти. Да­ли се сло­жу­ва­те со оваа кон­ста­та­ци­ја?

СПИ­РО­СКИ: Тоа е та­ка, но јас би бил прет­паз­лив со тоа кол­кав тре­ба да би­де про­цен­тот на лу­ѓе што има­ат зго­ле­мен ин­декс на те­лес­на ма­са за да ре­че­ме де­ка на­ци­ја­та ни е де­бе­ла или нат­хра­не­та. На свет­ско ни­во уште не­ма стан­дар­ди за тоа. Ме­ѓу­тоа, проб­лем има и тре­ба да би­де­ме свес­ни за тоа, за­тоа што и кај во­зрас­ни­те и кај де­ца­та про­се­кот на ли­ца со зго­ле­ме­на те­лес­на те­жи­на и со де­бе­ли­на е над про­се­кот во зем­ји­те од Европ­ска­та уни­ја. Тој про­сек кај нас е по­ни­зок од про­се­кот во зем­ји кои има­ат мно­гу ви­сок про­цент на де­бе­ли­на, но ако се спо­ре­ду­ва­ме со Европ­ска­та уни­ја, то­гаш на­ши­от про­сек е над про­се­кот. Зна­чи, де­бе­ли­на­та и тој ри­зик по­сто­јат. Важ­но е да се истак­не де­ка зго­ле­ме­ни­от ин­декс на те­лес­на ма­са го над­ми­на ту­ту­нот ка­ко број еден ри­зи­чен фа­ктор за не­за­раз­ни бо­ле­сти. Ни­во­а­та на пу­ше­ње­то ци­га­ри и кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол на свет­ско ни­во, па и кај нас, се во по­сто­ја­но опа­ѓа­ње. Се­га е ред да се со­о­чи­ме со овој ри­зик, а тоа е зго­ле­ме­на­та те­лес­на те­жи­на и де­бе­ли­на­та, ко­ја во на­ши­от дел од све­тот, а и во си­те раз­ви­е­ни зем­ји е број еден ри­зи­чен фа­ктор за по­ја­ва на не­за­раз­ни бо­ле­сти.

 

Има ли ви­сти­на во твр­де­ње­то де­ка ис­хра­на­та е по­ло­ви­на лек ко­га ста­ну­ва збор за ле­ку­ва­ње на ди­ја­бе­те­сот?

СПИ­РО­СКИ: Ко­ле­ги­те ен­до­кри­но­ло­зи мо­жат нај­до­бро да од­го­во­рат на ова пра­ша­ње. Но, она што го знам е де­ка лу­ѓе­то што пра­кти­ку­ва­ат пра­вил­на ис­хра­на, ис­хра­на прис­по­со­бе­на за сво­ја во­зраст и има­ат фи­зич­ка актив­ност, се со мно­гу по­мал ри­зик за до­би­ва­ње на ди­ја­бе­тес и тие мно­гу по­до­бро го упра­ву­ва­ат ди­ја­бе­те­сот што ве­ќе го има­ат. Не знам да­ли мо­же да ре­че­ме де­ка е по­ло­ви­на од ле­кот, но се­ка­ко, има го­ле­ма зна­че­ње.

 

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top