
Зоран Марјановиќ, сопруг на брутално убиената пејачка Јелена, во текот на сослушувањето во полиција, упорно инсистирал дека тој не е убиецот и дека нема никаква врска со злосторството.
Зоран буквално ги преколувал полицајците да му поверуваат дека не е убиец. Во еден момент, низ солзи рекол:Се колнам дека не сум крив. Еве нека ме обесат на Теразии, ако сум јас тој што ја убил мојата Јелена.
-Цело време кажува дека ја сакал, дека таа била љубовта на неговиот живот и дека никогаш не се карале. Меѓутоа во неговата изјава најдени се многу контрадикторности. Ќе видиме што ќе покаже истрагата- рекол извор близок на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


