Ликот на Мона Лиза во најголема мера е создаден според ликот на љубовникот на Леонардо да Винчи, откри еден италијански уметнички истражувач. Силвано Винченти, кој со години го анализирал портретот на Лиза Џерардини, сопруга на фирентински трговец, смета дека тоа е воедено и портрет на Џани Џакомо Капроти, со кој славниот сликар имал љубовна врска.
– Мона Лиза е делумно маж, а делумно жена. Тоа посебно можете да го воочите на нејзиното чело, нејзиниот нос и на нејзината насмевка, вели Винченти.
Тој ги проучувал инфрацрвените снимки на сликата и смета дека воочил сличности со други слики на Да Винчи, на кои се појавува Капроти, познат по прекарот Салаи.
Салаи станал соработник на Да Винчи уште како момче, кога имал само десет години и со него работел цели две децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.