Француски научник користејќи рефлектирачко светло открил дека славниот женски лик не е единствениот кој се наоѓа на познатиот портрет.
Францускиот научник Пасакал Коте открил друг портрет кој се крие зад портретот на славната Мона Лиза. Тој сликата ја истражувал 10 години користејќи рефлектирачко светло.
Како што тврди познатото дело на Леонардо да Винчи содржи лик кој нема ниту директен поглед, ниту суптилна насмевка по кои е позната сликата.
Историчарот на уметноста Ендру Грем Диксон смета дека ова откритие би можело да влијае на промената на името на позната слика.
-Нема сомнение дека ова дефинитивно е една од приказните на векот. Веројатно токму „Лувр“ неповолно ќе реагира на помислата за промената на името на сликата, но за тоа зборуваме, тоа не е Мона Лиза туку некој сосема друг – тврди Грем – Диксон.
На Паскал во 20014 година му бил одобрен пристапот до сликата бидејќи тој е пионерот во користење на техниката наречена метода на засилен слој.
Камерата како да прави дијаграм од рефлекцијата и зраците на светлината и му овозможува на научникот да реконструира што се случува помеѓу слоевите на боите.
-Сега можеме да анализираме што точно се случува помеѓу слоевите на боите и можеме како кромид да ги излупиме сите слоеви на бојата на сликата. Можеме да ја реконструираме хронологијата на создавањето на сликата, а резултатот уништи голем број на митови и засекогаш ќе ја смени нашата визија на ремек делото на Леонардо – изјавил Коте.
Французинот на крајот бил фасциниран од призорот пред кој се нашол.
-Кога завршив со реконструкцијата на Лоза Гхерардини, се наоѓав пред портрет кој прикажува сосема поинаква Мона Лиза. Тоа не е истата жена – кажал научникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.