| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена втора верзија на „Мона Лиза“

mona mona lizaСлика којашто се наоѓа во приватна колекција во Санкт Петербург можеби е втората верзија на славната „Мона Лиза“ и потекнува од четката на Леонардо Давинчи, го пренесуваат светските медиуми италијанскиот координатор на уметничката експертиза на платното, Силвано Винчети.

„Постојат многу индикации, дека авторот на сликата може да е тосканскиот гениј на уметноста. Меѓутоа, се разбира, во моментов ова е хипотеза“, вели Винчети.

Еден од најголемите и највозрасни светски експерти за делата на Леонардо Давични, Карло Педрети претпоставува дека меѓу подготвителните скици за портретот „Мона Лиза“ кои се чуваат во депоата на париски Лувр и сликата од Санкт Петербург може да се направи несомнени паралели. На тоа, особено, укажува според експертот сличноста на одредени црти на ликот.

Покрај тоа, Пауло де Сера, експерт реставратор за делата на Давинчи, не исклучува дека на сликата пронајдена во Русија може да се наоѓаат траги и на самиот мајстор и на некој од неговите ученици.

mona mona mona lizaПостојат многу територии според кои Леонардо направил повеќе верзии на портретот на Лиза Џерардини сопруга на фирентинскиот трговец со свила Франческо дел Џоконда, за која се мисли дека му позирала на Леонардо Давинчи на почетокот од XVI век во настанувањето на еден од најславните и најмистериозни портрети во историјата „Мона Лиза“. Исто така, постојат и повеќе верзии за тоа кога Давинчи ја завршил работата на сликата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top