Петстотини години стара слика од Исус Христос насликана од Леонардо да Винчи е продадена на аукција во Њујорк за рекордни 450 милиони долари, што ја прави најскапо уметничко дело во светот.
Сликата „Salvator Mundi“ што во превод значи „Спасител на светот“ најверојатно е насликана по 1505-тата година
Почетната цена на сликата на аукцијата во „Кристис“ била 100 милиони долари. Сликата е продадена за 20-тина минути, а за неа биле заинтересирани шест купувачи чии понуди скокале за 20-30 милиони долари што е невообичаено.
Досегашни рекордери беа „Жените од Алжир“ на Пикасо продадена за 179,4 милиони долари и една слика на Пол Гоген продадена за 300 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


