| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Федерализација е темата на овие протести и на оваа криза

Latas kolumna

Рејтингот на функционерите во СДСМ се мери кој има подобри врски со амбасадори и Сорос фондации, а не кој подобро стои кај сопствените граѓани, пишува Драган Павловиќ Латас во последната колумна „Не“ во Вечер. Заев одбива да соработува со суд кој му води две постапки – за барање поткуп од 200.000 евра и за уцени на државни функционери со незаконски стекнати телефонски разговори, но судот не му може ништо, зашто го штити дипломатскиот чадор, коментира Латас.

Заев одбива помилување, аболиција од претседателот Ѓорѓи Иванов за овие процеси, затоа што него Катица Јанева и СЈО веќе го аболираа. А дипломатскиот чадор не забележа ништо околу тоа. Нормално е, тој е нивни. Да, нивни е – и не е наш.
Затоа Заев одбива помилување од Иванов, веќе е амнестиран од СЈО и од амбасадорите. Но, за чудо, не побара укинување на аболицијата од Бранко Црвенковски кога со простувањето го честеше Заев со осум милиони евра од струмички Глобал.
Штом таков атер и труд врши дипломатскиот чадор за оваа подземна група политичари и такви невладини активисти, се поставува прашањето што тоа нивните треба да одработат против нашите.
Истото што и во оние години кога СДСМ без референдум го смени знамето и името на државата. Исто кога бараа заедничка влада со СДСМ и ни наметнаа воен пораз од УЧК, по што се сменија и Уставот и територијалната поделба. Истото што СДСМ отсекогаш го правел кога му се нуди власт преку ноќ, власт без победа на избори.
И СДСМ, особено со Заев и Шекеринска, познати трговци со туѓо, ќе го испорачаат и сега она што се бара од нив. Ќе го испорачаат ако им го дозволиме тоа. А дозволата нема да оди лесно, затоа што сега е последниот, финален круг. Ако помине грчкиот предлог за име на нацијата и државата, како и федерализацијата – Македонија не постои. А потоа, се е неважно, освен дали живеете во нашиот или нивниот дел од федерализираната Македонија, бидејќи до тоа ќе ви зависи дали и кога ќе бидете протерани од дома.
Да, федерализација е тема на овие протести и оваа криза.
Никој не го тераше на сила Заев да изјавува, и тоа неколку пати, дека ќе воведе албански јазик на цела територија на Македонија. Никој не го тераше да му праќа СМС-пораки на Мендух Тачи, барајќи соработка и нудејќи му се за секакви потреби. А му се нуди со години и на Али Ахмети, но Али Ахмети не сака федерализација, тој чека кога Македонија по сила на генетика и меѓународен фактор ќе ја земе цела. Заев нема време за чекање, па му се одмазди со трансфер на телефонски разговори од елитата на ДУИ директно во Белград, кај српските разузнавачи. Тоа се факти, а не наши тези.
Фактите ги потврди и Муса Љамалари, претставник на албанската емиграција од Лондон, кој потврди дека имал соработка со Заев на тема поддршка за федерализација на Македонија, а Заев за возврат да се добере до власт. Истото го кажа и Зијадин Села, доскорешен градоначалник на Струга и отпадник од ДПА.
СДСМ упати остра закана и протест за овие видео изјави на спомнатите кои ги објави Сител. Но, заборавија дека пред Сител изјавите ги објави нивната ТВ Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top