| четврток, 6 декември 2018 |

Кавга меѓу хулиганите на СДСМ и платениците на Сорос и свирежи за Заев

Скандал на протестите на Протестирам синоќа во Скопје. Соросоидите и Пајажината од невладини организации свиркаа и плукаа против Заев, а осамнаа и транспаренти дека не им требаат корумпирани политичари.

Борбата за гола власт без избори полека, но сигурно почнува да кулминира во редовите на СДСМ и невладините на Сорос. Тие синоќа се свиркаа едни со други, извадија и транспаренти дека не им требаат корумпирани политичари, Соросоидите од синоќа не се само против Груевски, туку и против Заев ­ Соросоидите ја бараат целата власт и не сакаат да ја делат со Заев и СДСМ.

Но, одиме со ред.

Според информации на Вечер, синоќешниот перформанс е само логичен след на настаните за борба за власт без избори меѓу двата табора кои веќе две години се обидуваат да седнат во фотељи. Од едната страна е СДСМ, а во другиот табор е Сорос и неговата пајажина од невладини организации. И така тие синоќа пред ЕУ инфо центарот протестираа, скандираа и држеа говори. Во моментот кога под плаштот на мултиетничкиот живот, соживот и кој знае какви заложби, стигна и јавната благодарница до Зоран Заев, толпата најпрво почна да го исвиркува Заев, да скандираат дека не им требаат корумпирани политичари, а се појави и транспарент со истата содржина. Веднаш потоа, до сите членови на СДСМ присутни на протестот стигна наредба од шефот на центарската организација Саша Богдановиќ да се повлекуваат од протестот, по што настана гужва од безбедносен ризик и забуна меѓу присутните пред ЕУ инфо центарот. Но, тука не завршува се.

Едната група била револтирана од театралниот настап на Саше Ивановски Политико, кој постојано му се заблагорадува на Заев, а другата група се налутила зошто се меша невладиниот сектор со политичарите. И тргнаа со медиумски спинови.

375719-se-skaraa-soros-i-sdsm-svirezhi-protiv-zaev-sdsm-go-povleche-chlenstvoto-od-protestite

Прв, секако е Ивановски кој побрза да и искара демонстантите дека се полоши од Груевски и ВМРО­ ДПМНЕ штом свиркале против Зоран Заев, декларирајќи се себеси како новинар, иако новинар не е, а единствено е точно дека има брат. Кој никогаш нема да биде провладин, па макар Заев станал премиер, или брат му да стане премиер.

375721-se-skaraa-soros-i-sdsm-svirezhi-protiv-zaev-sdsm-go-povleche-chlenstvoto-od-protestite

Веднаш потоа почнаа да пристигаат коментари дека тоа е инфилтрирана група од невладиниот сектор, која невкусно постапила споменувајќи го Заев на граѓански протест.

375722-se-skaraa-soros-i-sdsm-svirezhi-protiv-zaev-sdsm-go-povleche-chlenstvoto-od-protestite

375723-se-skaraa-soros-i-sdsm-svirezhi-protiv-zaev-sdsm-go-povleche-chlenstvoto-od-protestite

Ова не е прв судир меѓу СДСМ и Соросоидите за власт без избори.

Хронолошки гледано, уште на протестите минатата година во мај, пред Владата, Зоран Заев дојде и одржа краток говор пред камперите, додека целата слава отиде кај Милчин и Соросоидите блиски до Шеќеринска. И митингот кој го организираа во мај лани, беше доказ дека СДСМ ја загуби контролата над ситуацијата, а дека Соросоидите владеат со партијата. Имено, иако СДСМ ги плати парите за митингот и обезбеди и целосна логистика и луѓе за протестите, на самиот митинг зборуваа четири Соросоиди и еден политичар од СДСМ. Дури и на протестот пред Уставниот суд од пред еден месец, имаше остар судир кој ќе го води протестот, кој ќе зборува и кој ќе ги води демонстрантите во насилниот упад во Судот. Тогаш СДСМ ги предводеше нивниот генерален секретар и технички министер за внатрешни Оливер Спасовски, наместо да биде на граница и да ја чува Македонија од насилните упади на мигрантите.

Соросоидите ги предводеше Мичлин, кој исто така повторно, ја зема целата слава.

375724-se-skaraa-soros-i-sdsm-svirezhi-protiv-zaev-sdsm-go-povleche-chlenstvoto-od-protestite

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top