Протестот на „Протестирам“, поддржан од опозицијата, заврши пред зградата на Владата на Република Македонија.
Протестот помина без судири со полицијата, но затоа не изостана вандалското однесување на хулиганите поттикнати од СДСМ и БЕСА, а поддржани од СОРОС.
Демострантите повторно фрлаа со боја кон Владата, а на улицата останаа и истурени канти со боја и ѓубре од одржаниот протест. Исто така, беа целосно уништени просториите на Радио Слободна Македонија.
Движењето „Протестирам“ бара оставка од Иванов и повлекување на одлуката за аболиција. Уште едно барање е и преговорите за политичката криза да продолжат на територијата на Република Македонија и вклучување на претставници граѓанското општество во преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.