| четврток, 6 декември 2018 |

Што се крие зад случајот „Монте Карло“: Бекер отворено за нервниот слом на Ѓоковиќ

beker

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, изјави дека не е загрижен поради проазот на најдориот тенисер на светот уште во вториот круг на Мастерсот во Монте карло.

Минатата недела Ѓоковиќ беше поразен во второто коло од Чехот Јиржи Весели, а овој турнир неколку години по ред го одвојуваше Надал.

– Не сум загрижен ниту за поразот на Ѓоковиќ ниту што титулата ја освои Надал. Ќе изиграат уште многу мечеви. Неговата победа не ме вознемирува. Никогаш не сум помислил дека Рафа си замина, секогаш сум знаел дека ќе се врати на врвот. Мислам дека Рафа повторно ќе освои гренслем, но не следниов (Ролан Гарос).

Бекер повтори дека Новак цели на ЛОИ во Рио де Жанеиро.

-Ноле имаше нервен слом во Монте карло, но физички е подготвен. По два месеци на максимално ниво, нормално е да падне. Наша цел се Игрите во Бразил, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top