| четврток, 6 декември 2018 |

„Сакате сонцето на Александар Велики да ви биде грб“: Како Сорос преку СДСМ се меша во внатрешната политика

Во видео поставено на Јутјуб јасно е прикажано што мислат Сорос и СДСМ и што ѝ посакуваат на Македонија. Уште во 1993 година преку писмо испратено до македонското собрание, Сорос кажува каков државен грб на Македонија не би му се допаѓал на светот, пишува Курир.

Разбрав дека постои намера сонцето на Александар Велики да се усвои за државен грб. Ако донесете такво решение, мислам дека ќе ги загубите симпатиите на светот. За жал, и другиот предложен симбол – лавот, исто така има негативни импликации, пишува Сорос во писмото испратено до македонското собрание.

Планираниот грб на Република Македонија, којшто го носи истиот симбол како и првото знаме на Република Македонија (1992-1995) никогаш нема да биде усвоен.

dzordz-soros

Таа година, силно одекна веста дека американскиот милијардер Џорџ Сорос ќе ѝ даде на македонската влада заем од 25 милиони долари. Во знак на протест зошто се зема краткорочен комерцијален кредит од заемодавач кој во своето писмо нуди неприфатливи ставови за внатрешното политичко уредување на Република Македонија, спротивно на нејзиниот Устав, на гласањето не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО ДП. Опозицијата бараше да ѝ биде презентирано оригиналното писмо на Сорос, а не она то е објавено во Нова Македонија и што е целта на Фондацијата за отворено општество.

georgesoros

И денес, по 23 години, со финансиска поддршка на Сорос СДСМ спроведува протести полни со агресија, насилно однесување и дивеење. Протестите резултираат со напад на полициски службеници и повредени полицајци, вандализам и дивеењето на СДСМ и невладините на Сорос кои палеа и демолираа културно-историски обележја и институции, се вели во текстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top