| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ фаворитската улога на Ролан Гарос му ја препушта на Надал

nadal i djokovic

Најдобриот светски тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ фаворитската улога на вториот по ред грен-слем оваа сезона, Ролан Гарос ја префрла на неговиот најголем конкурент на титулата во Париз, Рафаел Надал.

Ѓоковиќ кој по третпат ја освојува наградата Лауреус“ за најдобар спортист во светот, е несигурен во себе пред Ролан Гарос.

Српскиот ас во својата богата колекција нема трофеј само од овој гранслем турнир, но сепак не е преголем оптимист дека токму годинава ќе стигне до пехарот што му недостига.

– Не сум воопшто изненаден што Надал го освои турнирот во Монте Карло бидејќи таму победувал многу пати. Во последните две години не играше на стандардното ниво од порано, но и тој понатаму е најдобриот тенисер на земја. Го гледам како фаворит за секој турнир кој се игра на таква подлога, а Ролан Гарос не е исклучок – истакна Ѓоковиќ непосредно пред церемонијата за „Лауреус“.

Само за потсетување, Надал го освои пехарот во Монте Карло, додека Ѓоковиќ беше елиминиран од Чехот Весели на својот прв меч на овој турнир. Србинот лани важеше за суперфаворит за освојување на Ролан Гарос, но во големото финале беше шокиран од Вавринка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top