| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар е предаден на „дисциплинска“ по инцидентот на араната „Филип Втори“

incidenti

Најтрофејниот македонски клуб Вардар е предаден на Дисциплинска комисија на ФФМ поради инцидентот што се случи на Јужната трибина на арената „Филип Втори“ на дербито против Шкендија, кога беше нападнато раководството на гостинскиот тим. Одлуката на „дисциплинецот“ се очекува во текот на денешниот ден, кога ќе биде позната и казната што ќе ја добие Вардар за лошата организација на натпреварот и за недолично однесување на навивачите на минатонеделното дерби.

Со оглед дека раководните луѓе на Шкендија се нападнати на трибините, „дисциплинецот“ ќе треба да реши дали Вардар ќе биде парично казнет, или пак ќе следи делумна суспензија на арената „Филип Втори“, односно играње на натпревар(и) без присуство на публика.

Вардар првите два натпревари од плејофот треба да игра на домашен терен. Утре ја пречекува Брегалница, а в недела треба да игра ново дерби против Шкендија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top