Една од најистакнатите македонски дизајнерки, Јана Ацевска, повторно се враќа на уметничката сцена со изложба на софистициран, современ накит од колекцијата насловена „РEфлексии“. Најновите дизајнерски парчиња на накит од Ацевска, од 21 до 23 април ќе бидат изложени во салонот за мебел „Think“.
Накитот како одраз на нашата внатрешност содржи приказни за сегашноста, но исто така и за минатото, пренесувани со генерации.
Накитот е инспириран од текстури, од бои и од материјали присутни во македонската народна носија, а истовремено претставува и инспирација за креација на современи предмети врз основа на традиционални елементи. Прецизно избраните бои на стаклени мониста и метални нишки се основните материјали од колекцијата на „РEфлексии“ на Ацевска, која се потпишува под името „Капка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.