Иако по спортски или други опуштени настани немаат проблем да се прегрнат, војвотката Кејт Мидлтон и британскиот принц Вилијам речиси никогаш не се држат за раце.
Пред две години, кога беа во официјална посета на Австралија, двојката „држеше“ прилично голема дистанца пред камерите, додека Вилијам на шега ја праша сопругата „Сега, за што ќе зборуваме?“
Воздржувањето од нежност не е необично за јавен пар како што се тие.
Мика Маер, експерт по кралски манири и однесување, не е воопшто изненадена на оваа тема.
– Не постои посебно правило кое вели дека кралскиот пар мора да се воздржува од нежности во јавност. Верувам дека размислувањето е дека ја претставуваат британската монархија за време на патувања како пример во Индија, па сакаат да останат професионални, затоа што тоа не е приватно патување. Но, забележав дека малку се опуштија за време на спортските настани на турнејата, каде имаше многу насмевки, па дури и прегрнување – вели Маер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.