| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Вилијам никогаш не ја држи за рака Кејт во јавност?

Иако по спортски или други опуштени настани немаат проблем да се прегрнат, војвотката Кејт Мидлтон и британскиот принц Вилијам речиси никогаш не се држат за раце.

zosto-princot-vilijam-i-kejt-midlton-nikgoas-ne-se-drzat-za-race-vo-javnost-02

Пред две години, кога беа во официјална посета на Австралија, двојката „држеше“ прилично голема дистанца пред камерите, додека Вилијам на шега ја праша сопругата „Сега, за што ќе зборуваме?“

zosto-princot-vilijam-i-kejt-midlton-nikgoas-ne-se-drzat-za-race-vo-javnost-03

Воздржувањето од нежност не е необично за јавен пар како што се тие.

zosto-princot-vilijam-i-kejt-midlton-nikgoas-ne-se-drzat-za-race-vo-javnost-01

Мика Маер, експерт по кралски манири и однесување, не е воопшто изненадена на оваа тема.

zosto-princot-vilijam-i-kejt-midlton-nikgoas-ne-se-drzat-za-race-vo-javnost-04

– Не постои посебно правило кое вели дека кралскиот пар мора да се воздржува од нежности во јавност. Верувам дека размислувањето е дека ја претставуваат британската монархија за време на патувања како пример во Индија, па сакаат да останат професионални, затоа што тоа не е приватно патување. Но, забележав дека малку се опуштија за време на спортските настани на турнејата, каде имаше многу насмевки, па дури и прегрнување – вели Маер.

zosto-princot-vilijam-i-kejt-midlton-nikgoas-ne-se-drzat-za-race-vo-javnost-05

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top