| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа година нема да има „Евровизија“?

Годинашното одржување на „Евровизија“ може да се најде под знак прашалник бидејќи работниците на шведскиот јавен сервис најавија штрајк. Меѓу нив има и голем број од тие што работат на организацијата на „Евровизија“.

Поради одложување на зголемување на платите и на пензиите, дури 10 илјади синдикалци штрајкуваат, а меѓу нив има и 50 што работат на „Евровизија“.

„Евровизија“ би требало да се одржи меѓу 10 и 16 мај во Стокхолм, а веќе се познати и натпреварувачите на двете полуфинални вечери.

Претставничка на Македонија е Калиопи со песната „Дона“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top