| четврток, 6 декември 2018 |

Кукавици

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

Никогаш така флагрантно, пластично и експлицитно, како во најновите настани во Македонија, не е демонстриран менталитетот на кукавици, како што тоа е сторено од страната на опозицијата, нејзиниот водач – Црпко I Величествениот по глупоста – која е, практично, немерлива, иако бесперспективна, потоа неговите политички сателити и трабанти, саурусовиот невладин сектор на рептилоидни дегенерици, платениците на „Канвас“, познати по лигавоста на нивните стратегии и тактики и, над сѐ – креаторите на овие состојби – „чадорите“ од таканаречената „меѓународна“, која е тотална илузија и лага, и која наскоро ќе изгори во глобалните геостратегиски превирања.

Нивните дејанија – одвратни, гнасни и потполно нечовечни, се една прецизна илустрација за монструозните им карактери, полни со полтронство, опортунизам и јалова агресија. Но, сето ова наскоро ќе си ја добие својата завршница, при која тие ќе бидат ставени во позиција, која потполно им одговара, а тоа е состојбата на мизерни губитници и кукавици, од кои на секој морален човек му се гади.

Еве ви ги овие хулигани, водени од еден вообразен бројлер и неговите јуноши, како атакуваат врз македонската полиција, фрлаат камења и други тврди предмети, но кога полицајците ќе се затрчаат кон нив, овие фазани на неспоредливата комичност, бегаат како попарени, а нивните табани – пардон, ѓонови, масовно го исполнуваат ракурсот на снимените материјали.

Додека полицијата стои мирно, тие се засилуваат, грчат и лаат како пци, се закануваат, фрлаат со бекатон плочки, се дујат и манифестираат хистерична агресија, но штом полицајците тргнат кон нив, одма сцената се менува и гледаме стотини петици како удираат во нивните задници при масовното стампедо на кукавичкото им бегство.

Ова е феномен, кој редовно се појавува кај девијантните агресивни и исфрустрирани карактери, кои покажуваат сила и нахалност, додека смирено ги толерирате, но кога ќе ви здодее од нивната грда и неподнослива провокативност, и кога ќе тргнете кон нив, сликата веднаш се менува и за миг ќе ги видите нивните грбови, задници и ѓонови, како грабаат кон единствениот спас за ваквите малоумници, а тоа е бегството.

Но, мора да се признае, дека се ужасно упорни. И ова не е случајно. Зад стаорската појава со ококорени параноични очи на Црпко I Величествениот, по неговата немерлива глупост и злоба, водачот на оваа дегенерирана банда на лузери во секој поглед, а пред сѐ, на планот на нивниот морал и интелигенција, се кријат неколку мршојадци во човечки облик, кои овде, од нашата јавност се веќе означени како – „чадори“.

„Чадорите“ од „меѓународната“ – лажни претставници на човештвото, гадови и узурпатори на сето она што вреди кај луѓето и нивните зони на делување, се ставија во заштита на интересите на оваа криминална братија, сочинета од манијакални дегенерирани кретени и насилници.

Всушност, домашниве предавници работат како лакеи и робови за нечовечките и аморални интереси на овие „чадори“ – чатали.

Нивните стратегии и тактики се веќе видени на светската сцена и во било која варијанта (долгорочна или краткорочна) се губитнички и одвратни. Нивните начини на делување се толку аморални, кукавички, подмолни и гротескни, што нема место за сожалување. Често пати, потсетуваат на наезда на гадинки, со кои треба консеквентно да се постапи. Треба да им се покаже кој е кој, и што е што на овој простор и да се пратат таму, каде што им е местото – во небиднината.

Единствен проблем за да им се покаже бездната, каде што треба да се фрлат овие кукавици, е, всушност, длабоката хуманост на бранителите на народот и државата и обидот, по секоја цена конфликтот да се заврши на човечки начин и без жртви. Но тие не го сфаќаат ова, хипнотизирани од лажната моќ на нивните газди – „чадорите“. А и парите, кои доаѓаат од овие агенти од влијание на тајните служби, чии експоненти се токму овие мршојадци од лажната „меѓународна“, се доволно голем мотив, за да ги трансформираат од кукавици и губитници во разулавени насилници, но, за кратко, сѐ додека решително не тргнете на нив. Тогаш петиците ги удираат нивните задници, давајќи им спотер за бегството да биде побрзо и поефикасно. Но, на крајот, сите ќе бидат испофаќани како фазани во мрежа. Потоа почнуваат да молат, да плачат и да се лигават. Веќе го видовме ова неколкупати и веќе и врапците на гранките знаат, дека овие дегенерици не се способни за никаква револуција, туку само за обично и иритантно малтретирање на општеството и народот, кој сѐ уште ги толерира од чисто сожалување.

Што се однесува до „чадорите“, да им порачам, дека Македонија е еден од невралгичните центри на планетава и секој, што се обидел да спроведе терор и неправда врз оваа света земја, ќе се соочи со ист таков удар од Провидението, но оваа реакција е секогаш десетици и стотици пати појака. Проучете ја само историјата, и ќе видите. На крајот, сите овие кукавици и злотвори ќе ги добијат своите „чадори“ набиени во нивните ректуми.

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top