Белгискиот интернационалец Еден Азар ќе остане во редовите на Челси и следната сезона. Иако се најавуваше негово можно заминување и трансфер во Реал Мадрид, сепак, медиумите на Островот пишуваат дека тој имал средба со Антонио Конте, менаџерот што од ова лето ќе го преземе тимот од „Стемфорд бриџ“ и му ја соопштил неговата одлука дека сака да остане во Челси.
Реал Мадрид е клубот кој е најсериозно заинтересиран за Азар, тренерот Зинедин Зидан би сакал да доведе на „Сантијаго Бернабеу“, но очигледно дека Белгиецот реши да ја остави зад себе оваа очајна сезона и следната повторно да го покаже целиот свој потенцијал во дресот на Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.