Мнозинство Американци се задоволни од своите пријатели, семејството и финансиската состојба, повеќе или помалку од работата, но најмногу ги нервира владата, се вели во резултати од анкета на ГФК и агенцијата АП.
Речиси 80 отсто анкетирани се изјасниле дека се незадоволни од тоа како функционира сојузната влада додека ист процент се со став дека се задоволни или многу задоволни од својот личен живот. Многу повеќе републиканци изјавиле дека се гневни поради политичката состојба во државата од демократите – половина гласачи на Републиканската партија се гневни додека така се изјасниле само четвртина гласачи на Демократската партија.
Незадоволството не е толку зависно од политичката идеологија колку од сеопштото незадоволство од политичкиот систем кој по мислење на анкетираните, не функционира. Тие се незадоволни од двете партии како и од политичарите од кариера и исајдерите во Вашингтон кои како што тврдат анкетираните, на прво место не ги ставаат интересите на гласачите. Во анкетата 45 отсто сметаат дека економијата е добра, наспроти 41 отсто од анкетата во февруари, но и понатаму 54 отсто сметаат дека економијата во САД е лоша. Мнозинство Американци (71 отсто) сметаат дека државата оди во погрешна насока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.