Изложба посветена на историјата на модниот стил на Мадона ќе биде поставена во познатата стоковна куќа „Мејси“ во Калифорнија утре и ќе трае само еден ден. Ќе бидат изложени некои од најпознатите костими на кралицата на поп-музиката. Мадона сама одбра осум омилени парчиња од својата огромна колекција каде што има и некои од приватната, вклучувајќи ги и корсетот на Жан Пол Готје, како и нејзината венчаница „Како девица“ која ја носеше на доделувањето на МТВ-музичките награди во 1984 година.
– Поп-ап изложбата во „Мејси“ совршено го претставува духот и инспирацијата на линијата „Материјалистка“ и на моите обожаватели ќе им даде шанса да видат како еволуирал мојот стил во текот на годините – изјави Мадона.
Ариан Филипс е кустосот и стилистка која со години соработувала со Мадона.
– По појавата на Мадона, модата веќе никогаш не беше иста. Храбро и немилосрдно, шокантно и шегобијно, секогаш очекуваме нешто ново од неа. Мадона сите тие фустани ги користеше како венчаници и со религиските украси им го менуваше контекстот. Но, венчаницата „Како девица“ е најшокантниот, најслободниот и највлијателниот момент во историјата на модата и пол-културата – изјави Филипс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.