| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје почна семинарот против местенките во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија е домаќин на првиот дводневен регионалниот собир за борба против наместените натпревари во фудбалот, на кој присуствуваат претсвници на УЕФА и од осум земји од опкружувањето.
– Чест ми е што сме први домаќини на еден ваков регионален семинар на УЕФА. Се отвара една од најважните тематики во светот на фудбалот во моментов – борбата против местењето натпревари – истакна претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

ффм

Ѓорѓиоски ги потенцираше законските измени кои се однесуваат на лажирањето спортски натпревари, измени иницирани токму од Фудбалската федерација на Македонија.

– Ние сме задоволни што државата ги активира своите маханизми за борба против најголемото зло во спортот, на иницијатива на ФФМ е донесен закон за борба против мастењето натпревари и насилството во спортот. Со казна затвор од една до десет години ќе се казнува лажиран спортски натпревар или наместен резултат. Во областа на лажирањето натпревари, се и дополнувањата на кривичните дела кои се однесуваат на активниот и пасивниот поткуп –  истакна Ѓорѓиоски.

Одговорниот координатор на УЕФА, Греам Пикер истакна дека ФФМ се движи во насока која треба да биде вистински показател за секоја национална федерација кога е во прашање борбата против местењето натпревари и втемелувањето на позитивните вредности во фудбалот.

– Тука имаме одлична логистика, затоа го одбравме Скопје за овој прв семинар. УЕФА е задоволна од кампањата целосно задоволна на ФФМ. Тоа е чекор за правилна едукација против негативностите во фудбалот. Местењето на натпревари е глобален проблем, не сметаме дека регионот има посебен проблем во однос на тоа прашање – истакна Пикер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top