Фудбалската федерација на Македонија е домаќин на првиот дводневен регионалниот собир за борба против наместените натпревари во фудбалот, на кој присуствуваат претсвници на УЕФА и од осум земји од опкружувањето.
– Чест ми е што сме први домаќини на еден ваков регионален семинар на УЕФА. Се отвара една од најважните тематики во светот на фудбалот во моментов – борбата против местењето натпревари – истакна претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Ѓорѓиоски ги потенцираше законските измени кои се однесуваат на лажирањето спортски натпревари, измени иницирани токму од Фудбалската федерација на Македонија.
– Ние сме задоволни што државата ги активира своите маханизми за борба против најголемото зло во спортот, на иницијатива на ФФМ е донесен закон за борба против мастењето натпревари и насилството во спортот. Со казна затвор од една до десет години ќе се казнува лажиран спортски натпревар или наместен резултат. Во областа на лажирањето натпревари, се и дополнувањата на кривичните дела кои се однесуваат на активниот и пасивниот поткуп – истакна Ѓорѓиоски.
Одговорниот координатор на УЕФА, Греам Пикер истакна дека ФФМ се движи во насока која треба да биде вистински показател за секоја национална федерација кога е во прашање борбата против местењето натпревари и втемелувањето на позитивните вредности во фудбалот.
– Тука имаме одлична логистика, затоа го одбравме Скопје за овој прв семинар. УЕФА е задоволна од кампањата целосно задоволна на ФФМ. Тоа е чекор за правилна едукација против негативностите во фудбалот. Местењето на натпревари е глобален проблем, не сметаме дека регионот има посебен проблем во однос на тоа прашање – истакна Пикер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)