Покажуваме пример, не само во Македонија, туку и во светот како во ваква зовриена политичка состојба народот знае да се собере и преку позитивен начин да даде поддршка на сите процеси кои се случуваат. Да дадеме порака, сакаме демократски и мирно да се реши оваа политичка криза, рече Пандов.
Повеќе илјади граѓани излегоа на масовниот народен собир што вечерва се одржува во Скопје во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, а како револт на обидите на опозицијата за одложување на изборите на 5 јуни годинава. Местото на собирот беше просторот пред Мултимедијалниот културен центар „Мала станица“, од каде поворката се упати кон седиштето на СДСМ.
СДСМ уништи земјоделци, стечајци, лозари, работници, а сега и дојде време на државата, пишува на транспарентите што ги носат илјадниците присутни на собирот кој започна пред улицата „Јордан Мијалков“ за да продолжи пред седиштето на СДСМ. Присутни се граѓани од цела Македонија кои бараат избори и да престане дестабилизацијата на земјата предизвикана од опозицијата.
– Имаме едно проклетство, таман ќе тргнеме напред десет чекори, се враќаме назад. Оставете народот да одлучи. Не сте само вие народ. тука сме и ние, ова е и наша земја. Не постои поубав народ од мојот народ – рече актерот Тони Михајловски од ГДОМ, кој им се обрати на насобраните.
На собирот се обрати и Александар Пандов од ГДОМ. Тој истакна дека собирот е да се даде сигнал дека народот знае што е добро за Македонија.
– Трета вечер по ред се собираме да дадеме поддршка на Македонија и да дадеме силен сигнал на внатрешниот и на надворешниот непријател. Македонецот знае да направи разлика кој работи за Македонија и кој работи за интересот на Македонците. Покажуваме пример, не само во Македонија, туку и во светот како во ваква зовриена политичка состојба народот знае да се собере и преку позитивен начин да даде поддршка на сите процеси кои се случуваат. Да дадеме порака, сакаме демократски и мирно да се реши оваа политичка криза – рече Пандов.
Tој истакна дека изборите на 5 јуни ќе покажат кому народот сака да му даде мандат.
– Ова е ден на кој имаме позитивна информација, конечно изборите се распишани на 5 јуни. Конечно мандатот, кој ние како народ го поседуваме е кај нас и потоа со пенкало во рака на 5 јуни ќе излеземе и ќе покажеме која е желбата на Македонецот. Тоа е Македонија да го фати патот на сигурност, стабилност, патот на нови работни места.
Предвидено е, после изразувањето на револтот кај СДСМ, поворката да се упати и пред Собранието на Република Македонија, каде ќе биде поздравена одлуката за негово распуштање, како и за зацврстување на датумот 5 јуни, како ден за одржување на избори во земјава.
„Иницијативата на ГДОМ е за зачувување на институциите и мирот во државата како и дефинитивна одлука за избори како излез од кризата што ќе значи можност народот да одлучува. Приврзаниците на ГДОМ остро се спротивставуваат на секаков обид за дестабилизација и насилство брз институциите какво во претходните денови демонстрираше СДСМ“, истакнаа денеска од Граѓанското движење.
На вчерашниот собир учествуваа повеќе од 15.000 луѓе, кои, пеејќи патриотски песни, мирно и без никакви инциденти пред седиштето на СДСМ изразија револт што опозицијата го бојкотира демократскиот процес во земјава, односно закажаниот термин за одржување избори кои треба да покажат на чија страна е народот во Македонија.
ФОТО+ВИДЕО: Телеграф.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.