Ни по 12 дена од убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ монструмот кој брутално ја мачел не е пронајден. Наспроти тоа, нејзината мајка Зорица секојдневно доаѓа во куќата на Марјановиќи да ја види внуката Јана.
Со соседот со кој со автомобил доаѓа во куќата на Марјановиќ со крената глава, видно вознемирена и во црнина Зорица секој ден влегува во дворот, а зад себе ја заклучува капијата и не сака воопшто да зборува со новинарите.
Според зборовите на соседите Зорица херојски се држи, слабо комуницира со семејството на Марјановиќ но секојдневно доаѓа да ја види внуката .
-Иако е тешко болна, секој ден доаѓа кај внуката. Тешко ја поднесе смртта на единствената ќерка но смогнува сили поради внука и. Доаѓа да ја чува и да се игра со неа- кажал соседот.
Зорица одбива да комуницира со медиумите, пријателите дури и роднините оклу убиството на ќерка и, а според зборовите на пријателите таа изјавила дека ќе се огласи кога ќе го пронајдат убиецот на нејзината ќерка.
Зорица Крсамновиќ инаку денеска била повторно сослушана во полицијата по повод убиство на нејзината ќерка.
-Зорица дала изјава во својство на граѓанин. Одговарала на прашања дали ќерка и пред смртта и се жалела на проблеми во бракот, во работата, дали имала обичај да трча по тојнасип и дали се слушнал е на денот на убиството. Исто така ја прашеле дали се сомнева во некој кој можел да ја убие Јелена – изјавил извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.