| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со мајката на Јелена Марјановиќ (фото)

Ни по 12 дена од убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ  монструмот кој брутално ја мачел не е пронајден. Наспроти тоа, нејзината мајка Зорица секојдневно доаѓа во куќата на Марјановиќи да ја види внуката Јана.

zorica-krsmanovic

Со соседот со кој со автомобил доаѓа во куќата на Марјановиќ со крената глава, видно вознемирена и во црнина Зорица секој ден влегува во дворот, а зад себе ја заклучува капијата и не сака воопшто да зборува со новинарите.

89273_1zorica-krsmanovic-kuca-marjanovica-obilazak-foto-damir-dervisagic-1460572433-885945

Според зборовите на соседите Зорица херојски се држи, слабо комуницира со семејството на Марјановиќ но секојдневно доаѓа да ја види внуката .

-Иако е тешко болна, секој ден доаѓа кај внуката. Тешко ја поднесе смртта на единствената ќерка  но смогнува сили поради внука и. Доаѓа да ја чува и да се игра со неа- кажал соседот.

Зорица одбива да комуницира со медиумите, пријателите дури и роднините оклу убиството на ќерка и, а според  зборовите на пријателите таа изјавила дека ќе се огласи кога ќе го пронајдат убиецот на нејзината ќерка.

89273_zorica-krsmanovic-kuca-marjanovica-obilazak-foto-damir-dervisagic-1460570921-885909

Зорица Крсамновиќ инаку  денеска била повторно сослушана во полицијата по повод убиство на нејзината ќерка.

-Зорица дала изјава во својство на граѓанин. Одговарала на прашања дали ќерка и пред смртта и се жалела на проблеми во бракот, во работата, дали  имала обичај да трча по тојнасип и дали се слушнал е на денот на убиството. Исто така ја прашеле дали се сомнева во некој кој можел да ја убие Јелена – изјавил извор.

img_1809

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top