| четврток, 6 декември 2018 |

Тажна вест: Грабнат и убиен член на семејството на Лука Модриќ

Шпанскиот весник Спорт објави страшна вест за семејството на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ. Негова братучетка била киднапирана и убиена во Салбадор, каде што престојувала и работела во последните 6 години.

luka modric

Несреќната Сузана Модриќ, 40-годишна мајка на две деца, била грабната во понеделникот, а нејзиното тело е пронајдено два дена подоцна во багажник на автомобил.
Мотивот за убситвото засега е непознат, а полицијата трага по сторителот.

susana-modric
Сузана Модриќ е родена во Хрватска, но пораснала во Германија, пред да се пресели во САД, а потоа во Салвадор. Била мажена за Салвадорец.


Убиството на Сузана не е прво убиство во семејството на хрватскиот репрезентативец. Неговиот дедо бил убиен во 1991 г. во војната во Хрватска како цивил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top