| четврток, 6 декември 2018 |

Хирург претепан во Битола, завршил со потрес на мозокот

Потрес на мозокот добил битолски хирург откако бил нападнат од роднина на пациент, на Одделението за неврохирургија на битолската болница. Хирургот бил дежурен на одделението, а напаѓачот бил полицаец кој со ургентен упат носел свој роднина. Хирургот побарал да се премести прегледот за подоцна за да дојде неврохирург, а битолчанецот се разбеснил и физички го нападнал.

brzapomos4

Битолчанецот со глава го удрил хирургот во глава неколкупати и со тоа тој добил потрес на мозокот.

Лекарот бил задржан на болничко лекување, а сега се одмара дома.

Инцидентот се случил нешто по 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top